Ноле и Зверев го одиграа најдобриот поен во годината, траеше повеќе од една минута (Видео)

Новак Ѓоковиќ повторно ќе игра во финалето на САД Опен, откако по голема борба и повеќе од три и пол часа игра го победи Александер Зверев, во меч кој траеше пет сета. Србинот го доби мечот, но најдобриот поен му припадна на Зверев.

Се играше клучниот гејм од третиот сет кога беа разменети дури 53 удари, а поенот кој траеше повеќе од една минута го освои Германецот. Сепак, веќе следниот поен беше за Ѓоковиќ и Србинот го освои третиот сет.

По завршување на најдобриот поен, двајцата тенисери добија овации од публиката.

- Оглас -

Најнови вести