Ноле по два месеци се врати на теренот и во неверојатен меч се израдува на победата

Новак Ѓоковиќ речиси по два месеци пауза, повторно се врати на тениските терени. Србинот немаше играно од финалето на Отвореното првенство на САД, кога загуби од Данил Медведев, а сега Ноле е во Париз на Мастерсот.

Првиот меч Ѓоковиќ го играше во конкуренција на двојки, каде што заедно со Филип Крајиновиќ успеаја да ја победат австралиската двојка Алекс Де Минор и Лук Савил со 2:1 во сетови. Мечот кој траеше малку повеќе од еден и пол час не запчна добро за Србите.

Ноле и Крајиновиќ го загубија првиот гејм и тоа беше доволно за австралиската двојка да го добие сетот со 6:4. Во вториот сет се играше гејм за гејм, а при водство од 5:4, Србите направија брејк и изрманија на 1:1. Во третиот сет во двојки се игра „кој прв до 10 поени“. Во таква ситуација, Ѓоковиќ и Крајиновиќ беа подобри со 10:7 и се пласираа во следното коло.

Ѓоковиќ утре ќе го има и првиот меч во синг конкуренција на Мастерсот во Париз.

 

- Оглас -

Најнови вести