Норис им ја расипа забавата на Холанѓаните, беше побрз од Ферстапен

Британецот Ландо Норис со болид на Мекларен победи на Формула 1 трката за Големата награда на Холандија и ја разочара домашната публика која не беше навикната да го гледа својот миленик Макс Ферстапен од Ред Бул на друго место освен првото.

Откако повторно се возат трки во Холандија на патеката Зандворт, постојано победуваше Ферстапен, во 2021, 2022 и 2023, но годинава победата е за пилотот кој беше и на пол-позиција.

На стартот Ферстапен го претрка Норис и водеше, но не успеа да го задржи водството, а проблематично за Макс беше и влегувањето во бокс, по кое веќе имаше сериозно заостанување зад Норис кој до крајот не дозволи да биде загрозен. Трети низ целта мина Шарл Леклер од Ферари.

- Оглас -

Најнови вести