Норвешкиот и шведскиот фудбал испишуваат историја во УЕФА натпреварувањата

Ако сме навикнати во завршницата на европските купови да бидат екипи во најсилните лиги, оваа сезона има промена. Екипите на Бодо/Глимт и Дјургарден испишуваат историја во своите земји.

Норвешкиот Бодо/Глимт синоќа се радуваше на „Олимпико“ во Рим, откако дури по подобро изведување на пенали го елиминираа фаворизираниот Лацио. Со овој успех, Бодо/Глимт стана првиот тим од Норвешка што ќе игра во полуфинале на европски куп.

Голем успех прослави и тимот на Дјургарден од Шведска. Оваа екипа на гостински терен во Виена испиша историја. Откако на домашен терен загуби со 0:1, Дјургарден синоќа, прво стигна до 2:1 на гости кај Рапид, а потоа во дополнителните 30 минути гостите постигнаа уште два гола за триумф од 4:1 Во последните 38 години немаше ниту еден тим од Шведска да игра во полуфинале на европско клупско натпреварување.

- Оглас -

Најнови вести