Речиси еден месец норвешкиот клуб Брине е во центарот на вниманието, но тоа не е поради начинот на којшто игра или поради резултатите кои ги постигнува, туку поради една креативна идеја.
Од пред еден месец, во Брине дојдоа до идеја да го наградат нивниот голман Јан де Бур со четири табли јајца откако чуварот на мрежата беше прогласен за најдобар на дуелот против Бодо/Глимт.
По тој меч, Брине беше убедлив во Купот на Норвешка и со 4:0 го победи Вархауг, а стрелец на три гола беше Хејне Ларсен. За одличната игра и постигнатиот хет-трик, Ларсен беше прогласен за МВП на натпреварот и како награда доби печено прасе од 23 килограми.
🚨• Bizarre scenes in the 1st round of the Norwegian cup between 5th tier side Varhaug and top flight team Bryne
• MOTM was given a 23kg pig as a prize😳 pic.twitter.com/V86ijGpb8Q
— Martin Bjerke🇳🇴 (@NorwegianSpursy) April 13, 2025
По оваа награда (печено прасе) следуваше реакција од јавноста во Норвешка, па челниците на клубот решија да се коригираат со друг вид награда. Во третото коло од првенството Брине стигна до првата победа сезонава откако со 3:1 славеше над Хаугесунд, а за најдобар играч на мечот беше прогласен Алекс Кригер, кој беше стрелец на еден гол.
Како награда за МВП признанието, фудбалерот на подарок доби живо јагне.
Gratulerer @AxelKryger med premien for Brynes beste spiller🐑 Et lam fra Prestegård på Fotland🚜 Bryne vinner 3-1 mot Haugesund og tar de første poengene i Eliteserien på 22 år🚀 pic.twitter.com/k1MbXCy277
— Bryne FK (@Bryne_FK) April 21, 2025
„Му честитаме на Кригер за тоа што беше избран за играч на мечот. Јагнето е од Престергард на Фотланд. Победата над Хаугесунд е прва за Брине во елитното друштво по пауза од 22 години“, стои во соопштението на клубот.
Следниот меч Брине го игра утре, и тоа во второто коло од Купот на Норвешка, а многумина со нетрпение чекаат да видат каква идеја ќе смислат од клубот и што ќе биде наградата за најдобриот играч на мечот од нивната екипа.