Норвежаните се уплашија и ја откажаа „контролката“ против Израел

Норвешките власти забранија да се одигра пријателскиот дуел меѓу Норвешка и Израел кој беше закажан за вечерва од 19 часот поради еден позитивен случај во селекцијата на Израел.

Израелскиот напаѓач Мунас Дабур доби позитивен тест за ковид-19 во пресрет на овој дуел, па иако е изолиран и отстранет од репрезентацијата, Норвежаните не сакаа да ризикуваат евентуално ширење на вирусот и го откажаа дуелот.

„Контролката“ инаку беше организирана од страна на УЕФА, бидејќи Норвешка и Израел беа елиминирани во плејофот од Лигата на нациите во октомврискиот циклус.

- Оглас -

Најнови вести