Нов дебакл на Ферари, лани во Спа тргнаа од првиот ред, годинава дури од седмиот

Луис Хамилтон од Мерцедес, по рекорден шести пат во кариерата ќе стартува од пол-позицијата на белгиското Гран-при од Формула 1 шампионатот. Британецот со рекорд на патеката Спа Франкошамп ја разби конкуренцијата, имаше за нешто над половина секунда подобро време од клупскиот колега Валтери Ботас кој беше втор, а веднаш зад Ботас се најде Макс Ферстапен од Ред Бул.

Овие квалификации ги одбележа и слабиот пласман на болидите на Ферари. Шарл Леклер ќе стартува 13-ти, а Себастијан Фетел 14-ти.

Само за споредба, лани двете ферарија беа на првите две места во квалификациите, а Леклер победи на трката во 2019 година на истата оваа патека во Белгија. Но, перформансите на Црното коњче годинава се далеку послаби од ланските, па нивните милиони фанови и веќе не се толку изненадени од катастрофата.

- Оглас -

Најнови вести