Нов фудбалски шок – Играч на Бордо колабира на теренот, за среќа, брзо се освести (Видео)

Самуел Калу приреди шок на „Велодром“ кога изненадно колабира на теренот во петтата минута на дуелот меѓу Марсеј и Бордо во меч од француското првенство.

Играчот на Бордо беше во живиот ѕид при обидот на Димитри Паје да изведе слободен удар за Марсеј и одеднаш се онесвести. По брзата реакција на медицинскиот тим и пет минути потоа, Калу стана и одигра уште пет минути, пред да биде заменет.

 

Samuel Kalu (Bordeaux) suddenly collapses while standing in a free-kick wall vs. Marseille; he recovered and came back on the pitch, but was substituted off 5 minutes later from soccer

Според информациите од Франција, Калу е во добра состојба, но е задржан на дополнителни прегледи. Мечот заврши нерешено 2:2.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести