Нов гол на Барди за Трабзон со шут од надвор од 16-никот (Видео)

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди, денеска го постигна својот четврти гол сезонава во турската лига во дресот на Трабзонспор.

Барди во негов стил, со шут од далечина го совлада Салваторе Сиригу кој го брани голот на Караѓумрук, а имаше и среќа, бидејќи играч на гостите го смени правецот на движење на топката. Ова се случи во 32-ра минута од мечот на кој резултатот по првото полувреме е 1-1.

- Оглас -

Најнови вести