Нов голгетерски ѕвер: До лани играше во втората лига, а сега со 40 гола го предводи европскиот гигант кон титула

Спортинг одигра 2:2 на гости кај Порто во дербито на португалското првенство и сега е чекор поблиску до титулата. Гостите од Лисабон губеа со 2:0 до 85-тата минута, но во последните пет минути Спортинг постигна два гола и стигна до бод со кој сега има пет бода повеќе од Бенфика и тоа на три кола до крајот. Порто е далеку зад водечките и со 63 бода е на третото место.

Херој на Спортинг против Порто беше напаѓачот Виктор Ѓекереш, кој беше стрелец на двата погодоци во дербито. Со овие голови, Ѓекереш стигна до бројката од 40 погодоци сезонава во сите натпреварувања, што го прави еден од најдобрите во Европа. Покрај 40-те голови, тој има и 16 асистенции, што значи дека директно учествувал во постигнувањето на 56 погодоци на Спортинг сезонава.

Интересно е дека Ѓекереш минатата сезона играше во втора лига, односно во Чемпионшип во Англија во тимот на Ковентри, но за трансфер од 21 милион евра направи трансфер во Спортинг. Само по неколку месеци, со игрите во дресот на Спортинг, цената на Ѓекереш сега е многу повисока и неговата вредност се проценува на 55 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести