Нов хаос во Франција, одложен почетокот на Сент Етјен – Анже (Фото+Видео)

Навивачите на Сент Етјен не дозволија почеток на мечот помеѓу нивниот клуб и Анже. Средбата требаше да почне во 21 часот, а најновите инфиормации се дека мечот сепак ќе почне вечерва и нема да биде презакажан за друг термин.

Фановите од трибините позади двата гола почнаа да фрлаат факели на терен, беше уништен дел од тревата на теренот, а искинати беа и мрежите на головите.

Домаќините ги поправија мрежите, па откако ќе се загреат фудбалерите, овој меч ќе се игра, со тоа што судиите и делегатот добија инструкции при најмал инцидент, да го прекинат мечот. Француските навивачи сезонава во неколку наврати прават големи проблеми.

https://twitter.com/i/status/1451627903305801728

- Оглас -

Најнови вести