Нов милионер во Sport Life: Погоден тикет безмалку за два милиони денари

За помалку од 10 дена, ново милионско добитно ливче е уплатено во Sport Life обложувалници.  Откако минатата недела се случи двајца другари во Скопје на два тикета со вложени по 20 денари, успеаја да добијат неверојатни 2.722.384 денари, викендов добивме нов милионер.

На уплатното место Тетово 5, во саботата бил уплатен тикет со 35 мечеви за 100 денари. Сите парови се од фудбалската понуда, а најголемиот дел се од англиските лиги, но има мечеви и од Холандија, Шпанија, Португалија, Романија, Турција, Франција…

Иако на тикетот се 35 натпревари, добитни се 34, а мечот Спенимур – Гисли од Северната национална лига на Англија беше одложен поради тоа што теренот беше прекриен со вода од поројниот дожд. Токму затоа и добивката на крајот е нешто помала од тоа што првично носи тикетот од 35 натпревари.

СО БОНУСИ КАКО ШТО НУДИ SPORT LIFE, ОВИЕ ДОБИВКИ СЕ РЕАЛНОСТ ЗА СИТЕ КОИШТО ИГРААТ

Многумина може се прашуваат како е можно да се направат тикети со толку големи добивки, а одговорот е едноставен. Покрај коефициентите од погодените мечеви, Sport Life нуди и неверојатни бонуси. Во случајот со ливчето уплатено во Тетово, среќниот добитник само од бонусот има заработено 657.260 денари.

Дури 19 погодени мечеви на милионското ливче се со играта 2+, односно да има барем два гола во текот на целиот натпревар. Од позвучните лиги погодени на тој начин, се погодени дуелите: Лестер – Фулам, Кардиф – Вест хем, Болоња – Калјари, како и повеќе од 10 мечеви од пониските англиски лиги. Сигурни „кецови“ ги има погодено Ливерпул – Барнли (4-2), Марсеј – Ница (1-0), Севилја – Соседад (5-2), Атлетико Мадрид – Леганес (1-0), ПСВ – НАЦ Бреда (2-0), Интер – СПАЛ (2-0), Олимпијакос – Арис (4-1 и Галатасарај – Анталија (5-0).

- Оглас -

Најнови вести