Нов очај на Челзи, овојпат загуби во градското дерби (Видео)

Екипата на Челзи продолжува со разочарувачките резултати откако загуби на гостувањето кај Тотенхем со 2:0, во меч од 25. коло во Премиер лигата. Со оваа победа Тотенхем стигна до 45 бодови и е на четвртото место на табелата, додека Челзи продолжува да тоне и со 31 бодови е на 10 место на табелата.

Во првото полувреме немаше погодоци, а само што започна вториот дел, се израдуваа домашните навивачи. Со силен шут од далечина, Скип погоди по само 20 секунди од почетокот на вториот дел и тој погодок може да го видите ТУКА.

Сите надежи на Челзи дека може да остане непоразен завршија во 82 минута, кога најдобриот стрелец на Тотенхем, Хари Кејн погоди за 2:0.

Челзи е клубот кој во јануарскиот преоден рок потроши 330 милиони евра за доведување нови играчи, но резултатите се очајни. Во 11 натпревари во 2023 година во сите натпреварувања, Челзи има само една победа, шест порази и четири нерешени.

- Оглас -

Најнови вести