Нов пресврт во случајот со Де Брујне: Белгиецот веќе одлучил каде ќе ја продолжи кариерата

Белгискиот интернационалец, Кевин де Брујне, не успеа да освои нов трофеј со Манчестер сити, откако во финалето на ФА купот загубија од градскиот ривал, Јунајтед, со 2-1. Кога на почетокот на второто полувреме беше заменет, многумина помислија дека тоа е неговиот последен натпревар за „граѓаните“, со оглед на тоа дека договорот му истекува, а има богати понуди од Саудиска Арабија и САД.

Неговата менаџерска екипа веќе преговараше со клубови од Саудиска Арабија, но и со новиот проект во МЛС лигата, Сан Диего, но Де Брујне кој има 32 години не сака да ја напушти Европа. Манчестер сити веќе му понудил продолжување на договорот за уште една сезона, а белгиецот ќе прифати. Тоа значи дека уште најмалку една сезона ќе го гледаме во дресот на се уште актуелниот освојувач на Лигата на шампионите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести