Нов проблем во најава, Хетафе не сака да патува во Милано

Првиот човек на Хетафе, Анхел Торес, ја предупреди УЕФА дека неговиот тим нема да отпатува за Милано, каде што утре треба да се сретне со Интер во осминафиналето на Лигата на Европа. Торес засега цврсто стои на ставот и вели дека само чудо може да го премисли.

Екипата на Хетафе денеска треба да замине во Милано, па во следните часови ќе се знае расплетот на оваа ситуација.

„Не ми е гајле дали ќе загубиме со службен резултат. Ако бидеме казнети, во ред е. Не сакам јас да ризикувам со играчите. Бараме алтернатива, не сакаме да играме во Милано, ризикот е голем“, рече Торес.

Асоцијацијата на играчи од Шпанија и Италија побара одложување на средбите Интер – Хетафе и Севилја – Рома.

- Оглас -

Најнови вести