Нов шок, Франција го разби американскиот малер и оди на ОИ

Франција приреди изненадување во четврт-финалето на Светското првенство во Кина откако ги совлада САД со 89-79 и си закажа полуфинална пресметка со Аргентина. За Американците ова е прв пораз на турнирот и вистинска катастрофа бидејќи останаа без медал, па сега им следува разигрување за петто до осмо место и следен ривал им е Србија, во дербито кое пред првенството се мислеше дека ќе биде финале.

Еван Фурние даде 22 поени, Руди Гобер имаше 21 поен и 16 скока, додека Нандо де Коло имаше 18 поени. Донован Мичел со 29 поени беше најефикасен во поразениот тим, но го снема во последната четвртина, кога беше најважно.

Французите го добија првото полувреме со 45-39, Американците имаа проблем да ги запрат Фурние и Гобер, а Мичел ги спречи противниците да не направат поголема разлика на овој изедначен меч.

Во 23-тата минута, САД се најде во двоцифрена негатива и тоа како да ги разлути, особено разиграниот Мичел, па Американците со серија поени направија пресврт и во последната четвртина влегоа со плус од 66-63.

Кога веќе фатија ритам, Американците почнаа постепено да се одлепуваат, но Франција не се предаде, туку успеа да си го поврати водството, па во последните три минути се влезе со плус четири за европската селекција, а во последната минута и со позитива од шест разлика, која успеаја да ја задржат до крај.

- Оглас -

Најнови вести