Нов шок во Монте Карло, шампионот е елиминиран од тенисер кој до денеска немаше ниту победа на земја над топ 10 играч

Минатогодинешниот победник на Мастерсот во Монте Карло, Стефанос Циципас, одбраната на титулата ја заврши во четвртфиналето откако загуби од Американецот Тејлор Фриц.

Фриц кој до денеска немаше ниту една победа на земјени терени над тенисер од топ 10 на АТП ранг листата, сега славеше во два сета и тоа со 6:2,6:4.

„Га задржав високото ниво на игра во текот на целиот меч. Ризикував бидејќи знаев дека тој може да го диктира темпото со својот форхенд. Одлично ги одиграв речиси сите важни поени“, изјави Фриц по победата.

Негов противник во полуфиналети ќе биде Русинот Андреј Рубљов кој со 6:1,7:6 го победи Јан Ленард Штруф од Германија.

- Оглас -

Најнови вести