Францускиот фудбалер Усман Дембеле се оженил, а чудното е што ова ги изненадило сите во неговиот клуб Барселона, бидејќи никој не знаел дека Дембеле воопшто има девојка, а камоли сериозна врска.
На фамилијарните клупски вечери, Дембеле никогаш не доаѓал со девојката и затоа никој во Барса не ја познава невестата.
Дембеле кој има 24 години, веројатно ќе потпише нов договор со Барса до 2025 година, и ако не се повредува често, може да има светла иднина во клубот. Но, од друга страна, тоа што криел од соиграчите и од сите други, покажува дека тој и не им е толку лојален на Каталонците и има недоверба.
Неговата сопруга е од Мароко, па и свадбата била во марокански стил и со муслимански ритуали. Од фудбалерите на Барса, немало никој, а од познатите фудбалери, на веселбата присуствувал само Дајо Упамекано од Баерн, со кого се репрезентативни колеги уште од младинските категории.