Нов скандал на Кирјос: Организаторите го молеа да го доигра мечот (Видео)

Ник Кирјос се пласира во второто коло на Мареј ривер опен откако со 6:2, 7:6 го победи Хари Буршер. Дуелот го одбележа скандалот кој повторно го направи Кирјос.

Во завршницата на вториот сет, при еден обид Кирјос да сервира, поминаа 25-те секунди предвидени за сервис, па судијата јавно го опомена тенисерот дека не треба толку да се задржува за еден сервис. Кирјос толку многу се налути, што седна на столчето и одби да продолжи да игра.

На теренот се појавија и организаторите кои започнаа да го молат Кирјос да продолжи да игра.

„Доволно пари имам загубено од вакви судии“, викаше Кирјос, кој на судијата му покажа дека тој е само статист на мечот кој треба да се грижи сè да помине во најдобар ред.

По неколку минути убедување, Кирјос продолжи да игра и го доби вториот сет, а со тоа и мечот. Во второто коло Кирјос ќе игра против Борна Чориќ.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести