Нов скандал на Врањеш, се степал во кафана и му скршил заб на син на бивш директор

Доскорешниот дефанзивец на атински АЕК, Огњен Врањеш, синоќа се степал во ресторанот „Агапе“ во Бања Лука, и притоа му скршил заб на момчето на кои му удрил бокс во лицето. После серијата скандали со спорната четничка тетоважа, со врската со пејачката Јелена Карлеуша по што му беше затворена вратата во репрезентацијата на БиХ, и кога неодамна се фатија за гуша со противнички играч во Грција, сега Врањеш се степа поради една девојка.

Според информациите од Бања Лука, Врањеш наводно нешто ѝ дофрлал на една девојка која била во друштво со момчето кое било удрено од Врањеш. Момчето кое се вика Душан Комљеновиќ, и е син на екс директорот на Геодетската управа на Република Српска, Милош Комљеновиќ, се побунил, па Врањеш станал и го удрил.

Фудбалерот бил приведен во полициска станица околу 3.40 часот по полноќ, и случајот е во рацете на јавното обвинителство. Врањеш беше отпушен од АЕК затоа што без дозвола заминал во БиХ.

- Оглас -

Најнови вести