Габон ќе мора да објасни како Канга е роден во 1990 година, а мајка му починала 4 години претходно

Скандалот со Гејлор Канга се шири во Африка и челниците на фудбалската асоцијација на Габон ќе мора да објаснат како фудбалерот на Црвена Ѕвезда успеал да се роди во 1990 година, како што е заведено во неговиот пасош, а мајка му починала 4 години претходно.

Сега Африканската фудбалска конфедерација бара одговори, а можно е селекцијата на Габон и главните луѓе во тамошниот фудбал да добијат и казни.

Габонците стравуваат дури и од драстични санкции и можна елиминација по административен пат од Африканскиот куп на нации што ќе се игра идната година.

Репрезентацијата на Габон, чија главна ѕвезда е Пјер-Емерик Обамејанг обезбеди настап на Африканскиот куп на нации што ќе се игра во Камерун во јануари идната година.

Канга има 47 настапи за Габон и два постигнати гола.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести