Нова драма против Жалгирис со хепиенд за ЦСКА Москва

ЦСКА Москва успешно мина уште едно големо искушение во дуелите со Жалгирис, а веќе станува традиција да биде исклучително драматично во дуелите на овие два тима во Евролигата.

Вечерва армејците славеа со 84:79 на гостински терен, со серија од четири поени во последните шест секунди, иако последната четвртина ја почнаа со негатива од четири поени.

Гостите одлично го почнаа мечот, водеа со 28:17 по првиот период од десет минути и потоа наеднаш паднаа во темпото. Жалгирис почна да ја топи негативата, на полувреме имаше минус десет, но со извонредна игра во третата четвртина мина во водство од 59:55.

И повторно се случи пресврт, па ЦСКА се разигра, Килбурн и Хакет ја предводеа руската офанзива која вроди со плод и победа од пет поени разлика. Американскиот тандем постигна по 19 поени, Нандо Де Коло уфрли 13, па аЦСКА пак го победи Жалгирис.

Во првиот меч во овој циклус од натпреварите во Евролигата, во Москва, ЦСКА се спаси од сигурен пораз во последните моменти. Тој меч се игра во ноември, а по дополнителни пет минути армејците славеа со 99:97, откако во регуларниот дел беше нерешено, 86:86.

И сега имаше драма и повторно Жалгирис потклекна во добитна ситуација и пак во финишот на мечот. Не им помогна нити одличната партија на Брендон Дејвис со 19 поени и 7 скока.

- Оглас -

Најнови вести