Нова драма во Скопје, Вардар го победи Елверум и побегна од последното место (Видео)

Вардар и Елверум не можат без ракометна драма, а овојпат среќен крај имаше за двојниот европски првак, кој победи со 35:32 со пресврт и прекрасна серија од 5:0 во последните пет минути.

Вардар победи со 35:32, иако само на 300 секунди до крајот губеше со 30:32. Тимур Дибиров со 9 гола беше лидер во победата на Вардар, со која Црвено-црните побегнаа од последното место во А групата.

Елверум водеше по првиот дел со 20:17, но потоа се разбрани Робин Кантагрел, а Дибиров и соиграчите погодуваа за втора победа на десеттиот меч во Лигата на шампионите.

Пред три дена двете екипи одиграа нерешено 34:34, исто така во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести