Нова фризура, а Златан е „оној стариот“ – Милан го реши Лацио (видео)

Милан привремено изби на врвот во Серија А по триумфот од 2-0 во дербито против Лацио во третото коло. Росонерите на сигурен начин освоија нови три бода и првпат по повеќе од три години успеаја да врзат две едноподруго победи на домашен терен против екипата од Рим.

Леао на истекот од регуларното време во првиот дел ја отвори средбата со одличен погодок за 1-0, а пред самата пауза Кеси промаши пенал кој сам го изнуди, погодувајќи ја гредата за посигурна предност на домаќините.

Во вториот дел се оствари долгоочекуваниот камбек на Златан Ибрахимовиќ на терените, кој закрепна по тешка повреда поради која паузираше три месеци. Само шест минути по неговото влегување во игра, Златан го постави конечниот резултат во 67-та минута со лесна реализација пред празна мрежа. Швеѓанецот покажа дека е „оној стариот“ расен голгетер и на полни 39 години, иако во новата сезона влезе со нов изглед, односно нова фризура.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести