Раководството на НБА-лигата се обидува да најде начин како сезоната да се доигра, во спротивно ќе претрпи загуба од милијарда долари доколку таа се откаже. Пандемијата со Коронавирусот не ја избегна спортот во САД, па прекинати се сите шампионати, почнувајќи од фудбал, кошарка и хокеј, но речиси секој ден има нови идеи како да се довршат веќе почнатите сезони.
Најновата идеја е да се означи крај на регуларниот дел речиси по 65 одиграни натпревари, а понискорангираните екипи да одиграат мини-турнир за да се одредат сите учесници во плејофот. Првата рунда од разигрувањата да се игра до три победи, додека до големото финале рундите би се одлучувале со еден натпревар, а големото финале исто така до три победи.
Сите натпревари би се одржале во Лас Вегас во арените „Томас и Мекцентар“ и „Кокс павилјон“, каде што се одржува летната лига на НБА.