Нова лудост на „Локо“ Абреу: тренер е, а постигна гол (Видео)

Себастијан Абреу, играчот и тренер на уругвајскиот тим Бостон ривер, постигна гол на мечот против Данубио од 13-тото коло во уругвајската лига и ова е негов погодок за 29-ти различен клуб. Ретко кој фудбалер има ваков биланс.

Абреу, кој има 43 години, го спаси својот тим од пораз. На европско тло има играно за Депортиво Ла Коруња, Реал Сосиедад, Бејтар и Арис, но најголем дел од неверојатната кариера мина во Јужна Америка.

Популарниот Локо, кој кариерата ја почна пред 26 години, учествуваше и на две светски првенства, во 2002 и 2010 година, како и на две изданија на Копа Америка.

https://www.youtube.com/watch?v=B76suZxGlCY

- Оглас -

Најнови вести