Нова магична партија на Дончиќ, Далас го „здроби“ Феникс за финале на Западот (ВИДЕО)

Лука Дончиќ го предводеше Далас маверикс до огромна победа во седмиот меч против Феникс санс и тоа на гостински терен од 90:123 и со тоа неговиот тим се пласираше во финалето на Западната конференција.

Лука имше дабл-дабл учинок од 35 поени и 10 скокови, а интересно е што дури 27 поени ги постигна во првото полувреме, а уште поинтересен податок е тоа дека целиот противнички тим имаше постигнато 27 коша.

Во финалето на Западот ќе играат против Голден Стејт ворирорс, додека на Истокот ќе се сретнат Бостон селтикс и Мајами хит.

Селтикси вчера го победија актуелниот првак Милвоки бакс со 109:81 и со тоа славеа исто така со 4:3 во полуфиналето на Истокот.

- Оглас -

Најнови вести