Нова мајсторија од слободен удар на Хакими – Мароко со пресврт го победи Малави (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Мароко со 2:1 славеше против Малави во осминафиналето на Африканскиот куп на нациите.

Иако државата со далеку помала фудбалска историја најави евентуално изненадување и поведе со голот на Габадињо Мханго во седмата минута, сепак фаворитот израмни преку Јусув ел Несири во последните мигови пред заминувањето на одмор.

Сепак, најубавиот и најфудбалскиот момент на средбата дојде во 70-тата минута, кога Ашраф Хакипи постигна уште еден прекрасен гол од слободен удар.

Бекот на ПСЖ веќе втор натпревар за својата репрезентација постигнува идентичен гол неодбранлив за голманите.

Во четврт-финалната фаза Мароко ќе го чека подобриот од големото дерби меѓу Египет и Брегот на Слоновата Коска, меч кој е закажан за утре од 17:00 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести