Нова пауза за Карвахал

Дани Карвахал никако да заигра во континуитет оваа сезона. Десниот бек на Кралевите само што се врати од повреда и запиша два настапи, му следува нова пауза од околу 15 дена поради повреда на бутниот мускул од десната нова.

Поради тоа, Карвахал ќе ги пропушти следните четири натпревари на Реал, вечерва против Алавес, како и дуелите против Шахтар и Менхенгладах во ЛШ, односно Севилја во Ла Лига.

Шпанецот ќе биде во трка со времето да закрепне до градското дерби против Атлетико кое е закажано на 12 декември.

- Оглас -

Најнови вести