Офанзивецот на Рома Стефан Ел Шарави, е на прагот да го официјализира трансферот во Шангај шенхуа. Кинескиот клуб ќе плати 18 милиони евра за неговите услуги, додека пак Ел Шарави според повеќегодишниот договор ќе заработува 13 милиони евра по сезона.
Иако преселбите на далечниот Исток во главно се случуваат од страна на играчи кои се во залезот на кариерата, 26-годишниот репрезентативец на Италија се согласил да се пресели во Кина по убедувањата од тренерот на Шангај, Кике Санчес Флорес.
Тој е третиот играч на Рома кој до крајот на месецов треба да го напушти тимот, откако веќе се најавени трансферите на Един Џеко во Интер и Костас Манолас во Наполи, според кои Римјаните би заработиле околу 50 милиони евра.