Нова забрана за Русите, нема гледање на Меси и Мбапе

Политиката е длабоко вмешана во спортот во врска со војната на Русија и Украина, како и секогаш во вакви случаи, пати обичниот народ.

После одлуката на Кинезите да не ги прикажуваат мечевите од Премиерлигата, сега од француската Лига 1 решија да ги казнат руските љубители на фудбалот со тоа што ќе се забрани вршењето преноси од мечевите на францускиот шампионат на територијата на Русија.

На гледачите во Русија ќе им биде скратена можноста да ги гледаат Меси, Мбапе, Нејмар и останатите ѕвезди, а од телевизијата која ги имаше правата, потврдија дека веќе не добиваат сигнал од француските колеги и дека немале никаква претходна најава за одлуката. За Русите, ова е лоша и политизирана одлука.

- Оглас -

Најнови вести