Во Кина викендов ќе нема преноси од Премиерлигата, лути се за поддршката на Британците на Украина

Кинеската телевизиска куќа која ги има правата за преноси од англиската Премиерлига, извести дека овој викенд нема да врши преноси од мечевите, а причина е поддршката на Англичаните која и ја дава на Украина.

Кина е политичка блиска со Русија. Од друга страна, Премиерлигата се изјасни апсолутно против акцијата на Русија и се солидаризира со Украина, што се виде јавно на некои мечеви од ФА купот, истото ќе биде и викендов во Премиерлигата кога сите капитени ќе носат ленти во боите на украинското знаме, додека на видео бимовите ќе стои паролата „Фудбалот стои заедно“.

Во 2019 година, кинеската државна телевизија не го прикажа мечот Арсенал – Манчестер сити, затоа што Месут Озил напиша коментар за третманот на ујгурските муслимани во Кина.

- Оглас -

Најнови вести