Новак брзо доби шанса за реванш, утре нов дуел на Синер против Ѓоковиќ

Јаник Синер за само 69 минути го растури Данил Медведев со 6-0, 6-3, и си закажа полуфинален дуел со Новак Ѓоковиќ на „Слем на Шест кралеви“ егзибицискиот турнир во Ријад, Саудиска Арабија.

Синер и Ѓоковиќ во неделата играа меѓусебе во финалето на Мастерсот во Шангај, па Србинот утре од 18.30 часот ќе има шанса за реванш, а Италијанецот шанса да докаже дека во моментов е подобар од најдобриот во историјата.

Медведев кој освои само три гејма, со самото учество на турнирот заработи 1,5 милиони евра. Победникот на турнирот во Ријад ќе добие 6 милиони евра, што е најголема награда во светот на тенисот, далеку поголема од сумата која се добива за освоен гренслем.

Во другото полуфинале ќе игра легендата Рафаел Надал против Карлос Алкараз или Холгер Руне.

Ќе има и меч за трето место, и постои реална опција тоа да биде пресметка на Надал против Ѓоковиќ, двајцата тенисери кои се рекордери по бројот на освоени гренслеми.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести