Новак Ѓоковиќ и Јелена на одмор во Хрватска и пеат песна од Оливер Драгојевиќ (Видео)

По триумфот на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ реши да се релаксира со тоа што својот летен одмор ќе го мине на хрватското приморје, поточно на островот Корчула. Ноле и сопругата Јелена преку ден уживаат во убавините на островот и Јадранското Море, а вечерва седнаа во еден ресторан и запеаја песна од покојниот Оливер Драгојевиќ.

Клапата која свиреше и пееше доби поддршка од Новак и сопругата, а и текстот на песната веројатно е соодветен за тоа што го чувствуваа сите кои се најдоа во близина на Србинот кој не крие дека Хрватите ги чувствува за блиски. „Кога ќе ми дојдеш ти, и ќе ми ја вратиш насмевката, целото патење и болка во животот ќе ми поминат“ е дел од текстот на песната.

- Оглас -

Најнови вести