Новак има големо срце, му плати пат и сместување во Торино на тешко болен фан

Новак Ѓоковиќ вечерва (21 часот) игра против Карлос Алкарас во полуфиналето на завршниот АТП Мастерс во Торино, а притоа уште еднаш покажа дека е голем човек.

Медиумите открија дека за време на Мастерсот во Торино, Ѓоковиќ два дена се дружел со негов голем фан на кого му платил пат и сместување во Торино. Причина за овој потег на Новак е објавата на 24-годишниот Лоренцо Петрини, кој боледува од Амиотрофична латерална склероза, дека го нацртал Новак и има голема желба да го запознае својот спортски идол и лично да му го предаде подарокот.

„За мене беше голем подвиг да го „нацртам“ Новак со сите детали бидејќи мора да се земе в предвиг проблемите кои ги имав поради мојата болест. Но, по неколкумесечна работа, успеав да ја завршам сликата. Ова е мој подарок кој се надевам дека еден ден ќе му подарам на Новак“, напиша Петрини.

Неговата објава „стигна“ до Ѓоковиќ кој одлучи да му ја исполни желбата на Петрини. Тој стапил во контакт со семејството на Италијанецот, го поканил во Торино и притоа му ги платил сите трошоци за пат и сместување и му обезбедил и влезници за неговите дуели од групната фаза.

„Два дена му бев гостин на Новак Ѓоковиќ, што претставува исполнување на мојот сон. Тој и неговиот тим беа фантастични и некогаш нема да претстанам да им бидам благодарен поради ова. Се надевам дека повторно ќе се видиме“, порача Петрини.

 

 

- Оглас -

Најнови вести