Новата ракометна Македонија аутсајдер како никогаш досега во „Борис Трајковски“, со патриотските квоти може добро да се заработи

Македонската ракометна репрезентација денеска од 19 часот во СРЦ „Борис Трајковски“ игра против Португалија во меч од квалификациите за Европското првенство. Како ретко кога, нашата селекција е аутсајдер, иако се игра во Скопје.

Селекторот Кирил Лазаров ќе има видно изменет состав од тој што настапи на Светското првенство пред два месеци, па во составот ги нема исусните Гоце Георгиевски и Дејан Манасков, а откажаа Филип Талески, Жарко Пешевски и Марио Танковски. Главни адути за Македонија вечерва треба да бидат голманот Митревски во одбраната, а Филип Кузмановски во нападот.

Во една ваква ситуација, Португалија е голем фаворит, а квотите во Sport Life се многу примамливи ако верувате во Македонија. Дури и за „кец со хендикеп“ е голема границата, затоа што Македонија не треба да загуби со повеќе од пет гола за добитна квота од 1.85.

Освен мечот во Скопје, денеска се играат уште седум дуели од квалификациите и сите ги има во понудата на Sport Life. Од групата во која се Македонија и Португалија, вчера Турција на гостински терен кај Луксембург победи минимално со 30:29, во меч кој беше решен во последниот напад.

- Оглас -

Најнови вести