Новата сезона во Франција почнува на 22 август, што ако ПСЖ игра финале во ЛШ?

Француската Лига 1 објави дека новата сезона почнува викендот на 22 и 23 август, а финалето на Лига купот помеѓу ПСЖ и Лион ќе се игра на 31 јули на „Стад де Франс“ во париското предградие Сан Дени.

Сезоната 2019/20 беше прекинато поради пандемијата на корона-вирусот, но Пари Сен Жермен, кој беше убедлив лидер, беше прогласен за шампион. Новата сезона ќе трае од 22 август 2020 до 23 мај 2021. Најинтересни мечеви во првото коло треба да бидат Марсеј – Сент Етјен и Лил – Рен, а Марсеј во третото коло гостува кај ПСЖ.

Според објавените датуми за играње, во првото коло шампионот треба да го пречека Мец на 23 август. Но, на истиот датум во Лисабон се игра финалето во Лигата на шампионите. Ако париските Светци стигнат до финалето на елитното европско натпреварување, тогаш нема да играат против Мец.

 

- Оглас -

Најнови вести