Новата ѕвезда на Бразил сака да игра за Милан

Евертон Соуза е играчот кој доби шанса да биде во првиот тим на Бразил на Копа Америка поради отсуството на Нејмар. Првата ѕвезда на Бразил се повреди и на негово место во стартниот тим влезе крилниот играч на Гремио, Евертон. Дадената шанса, 23-годишниот играч одлично ја искористи. Евертон беше прв стрелец на Копа Америка со три гола, а беше прогласен и за МВП на финалето против Перу.

Португалскиот весник „А Бола“ тврди дека Евертон е играч кој би сакал да дојде да игра во Европа, и тоа во редовите на Милан. За да се случи овој трансфер, Милан ќе треба добро да искешира бидејќи Бразилецот има важечки договор со Гремио до јуни 2022 година. Бразилскиот тим за предвремено раскинување на договорот на Евертон бара 60 милиони евра.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести