Нови „аудиобомби“: Фиго ја уништи екипата, а Гути е морон

Актуелниот претседател на Реал Мадрид, Флорентино Перес, се наоѓа во центарот на скандалот со тајно снимените разговори. Секојдневно шпанските весници објавуваат нови снимки во кои Перес навредува или обвинува дел од некогашните играчи на Кралскиот клуб или некои нивни блиски луѓе.

Последните објавени разговори се против некогашните играчи Гути и Луис Фиго.

„Шокиран сум колку Калдерон се излажа со Гути и тоа само затоа што овој одигра два добри меча“, вели Перес во една снимка, а потоа во друга се слуша како го навредува некогашниот фудбалер. „Гути е морон. Тој е како коза, самиот себе си е најголем непријател“, вели Перес за Гути.

Ниту најголемите ѕвезди не биле поштедени од навредите на Перес. Луис Фиго беше прогласен за најголем предавник на Барселона откако реши директно од редовите на каталонскиот гигант да потпише за Реал Мадрид. Откако во 2006 година Фиго си замина од Реал, Перес го обвини токму Португалецот.

„Фиго е тој кој ја зае*а екипата. Најдобар беше Зидан, тука нема дилеми. Фиго беше кучкин син, исто како што беше и Раул. Тие двајца беа најлошите во екипата“, се слуша како вели Перес.

Новинарот на „Ел Конфедентиал“, кој ги објавува сите овие снимки, побарал 10 милиони евра како отштета за да ги предади снимките на управата на Реал, меѓутоа потпретседателот Едуаро Фернандес де Блас одбил вакво уценување.

- Оглас -

Најнови вести