Новинарот кој ги пушта „аудиобомбите“ на Перес бара 10 милиони евра

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, се најде во центарот на вниманието изминативе денови откако во јавноста беа пуштени неколку аудиоснимки со кои се наруши угледот на првиот човек на Кралевите.

Во нив Перес ги навредува клупските легенди како Касилјас и Раул, кажа што навистина мисли за Мурињо и Роналдо, а според последната „аудиобомба“, го клевети агентот на Кристијано, Жорж Мендеш, за перење пари.

Наводно, за да се стави крај на овој скандал, новинарот на „Ел Конфедентиал“ побарал 10 милиони евра како отштета за да ги предади снимките на управата на Реал, меѓутоа потпретседателот Едуаро Фернандес де Блас одбил вакво уценување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести