Нови случаи на заразени во Валенсија

Валенсија не само што претрпе тежок пораз од Аталанта со 4-1 во првата осминафинална пресметка во ЛШ, туку од Милано се врати и со заболени членови на екипата од Коронавирусот. Клубот потврди нови случаи на заразени со вирусот Ковид-19, последните тестирања покажаа дека околу 35% од членовите на Лилјаците кои патувале во Италија се позитивни.

Претходно се потврди дека Гарај, Гаја и Мангала се фудбалерите кои се во посебна изолација и им е укажана лекарка помош со цел да се изборат со вирусот, а исто така е присутен и во дел од стручниот штаб.

Средбата на „Сан Сиро“ се одигра без публика на 19 февруари, но токму во тој период вирусот масовно се прошири низ Италија, каде што веќе извесно време е прогласена вонреда состојба.

https://twitter.com/valenciacf/status/1239654030680481795

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести