Новиот бек на Јуве реди титули, а навикнат е да биде резерва

Бразилецот Данило кој вчера потпиша за Јувентус, има чудна патека во својата кариера, од Атлетико Минеиро и Сантош, преку Порто, Реал Мадрид и Манчестер сити, сега дојде во Јуве. Од 2011 година наваму, речиси редовно освојува титули, има 16 трофеи, а во последно време, често ја грее клупата.

Откако освои титула во Бразил и Копа Либертадорес играјќи заедно со Нејмар во Сантош во 2011, потоа со Порто две години по ред стана првак на Португалија. Како член на Реал Мадрид, има пет трофеи од кои два во Лигата на шампионите, а со Манчестер сити доминираше во англиското првенство и купот во 2018 и 2019. И со Бразил има трофеи на младинско СП и медал од Олимписки игри.

Но, овој 28-годишен десен бек игра сè помалку, и дава сè помалку голови. Дали во Јуве ќе му се насмевне среќата и ќе има улога на важен елемент во тимот, останува да се види.

- Оглас -

Најнови вести