Новиот боксерски првак му ги врати појасите на Џошуа (Видео)

Украинскиот боксер Олександар Усик направи подвиг откако успеа да го совлада Ентони Џошуа. Победата на Усик беше сосема заслужена затоа што доминираше во текот на целата борба, па на крајот Џошуа иако имаше подршка од речиси 70.000 фанови на стадионот на Тотенхем, мораше да му честита на противникот.

Со оваа победа Усик е нов шампион во тешка категорија во верзиите ИБФ, ИБО, ВБО и ВБА, а за апсолутен владетел му недостасува само уште појасот во ВБЦ-верзијата, каде што шампион е Тајсон Фјури.

По победата, Усик во рингот високо ги крена четирите појаси кои му го одзеде на Џошуа, но се појави снимка како Украинецот во соблекувалната му ги враќа појасите на Британецот. Според правилата, Џошуа има право да ги задржи освоените појаси, а на Усик ќе му бидат изработени нови шампионски појаси.

https://twitter.com/i/status/1441910773001986050

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести