Новиот дрес на Аргентина ги разочара навивачите

Новиот дизајн на дресот кој во 2021 година ќе го носи аргентинската фудбалска репрезентација разочара многу од навивачите во земјата на Гаучосите. Дизајнот е на „Адидас“ и е со традиционалните „пругасти“ линии, но има детали кои не се по ќеф на фановите.

На дресот има маскирни детали, но затоа никаде нема мотив кој ќе потсети на легендарниот Диего Армандо Марадона, кој неодамна почина. Марадона е херојот на фудбалските навивачи на Аргентина, последниот предводник на националниот тим до светскиот фудбалски трон.

„’Адидас’ е разочарување на годината. Лош квалитет, ужасен дизајн. Ужасно е што се пропушти шанса да се оддаде почит на Диего Армандо Марадона, тоа е немање почит“, се само дел од негативните коментари на сметка на новиот дрес.

Аргентина во новиот дрес ќе настапи на Копа Америка, која од 11 јуни до 10 јули ќе се игра во земјата на Гаучосите и Колумбија. Првенството на Јужна Америка требаше да се игра во 2020 година, но поради пандемијата со корона-вирусот беше одложено за ова лето.

- Оглас -

Најнови вести