Горан Пандев во залезот на кариерата игра во Парма со новиот Меси, а уживаше во головите на Адријан Бернабе, момче кое е родено во Барселона и неодоливо потсетува на својот идол Лео Меси.
Бернабе денеска постигна два гола за Парма во победата од 4:3 против Комо, а и двата беа импресивни и многу личат на ремек-делата на Меси.
Особено вториот, кога со маестрални дриблинзи ја измеша одбраната на Комо и постигна гол за 3:2.
Бернабе беше стрелец на два гола и минатиот викенд, кога Парма ја победи Козенца со 3:1, а двата погодоци од слободен удар му беа фантастични.
Сите четири гола на новата шпанска ѕвезда, која има само 20 години, можете да ги погледнете ОВДЕ.