Новиот тренер на Баерн со неуспешно деби на „Алијанц арена“, но ред се чека за селфи со него (Фото)

Баерн Минхен одигра 2-2 против Ајакс на „Алијанц арената“, во пријателски меч, кој беше прв за новиот тренер на Баварците, Јулијан Нагелсман, на домашен терен како предводник на најтрофејниот германски клуб. Појавувањето на Нагелсман беше шанса за некои девојки да направат селфи со младиот тренер, кој очигледно е популарен кај припадничките на понежниот пол.

За несреќа на Нагелсман, тестот против Копјаниците не беше зачинет со победа, туку само со нерешен резултат.

Во составот на Нагелсман ги немаше најголемите ѕвезди, а голови за Баерн дадоа Чупо Мотинг и Нијанзу. Средбата во Минхен ја одбележа неверојатната утка на Циркзе.

- Оглас -

Најнови вести