Новиот тренер на Селта не знае каде работи (видео)

Селта Виго во понеделникот го назначи Мигел Кардозо за нов тренер на првиот тим, кој пристигна на местото на Антонио Мохамед, а ден подоцна Кардозо беше претставен на јавноста. Четириесет и шестгодишниот стратег направи досега невиден гаф на прес-конференцијата.

Имено, Кардозо своевремено работеше како помошен тренер во Депортиво Ла Коруња, најголемиот ривал на Селта. При неговата изјава на прес-конференцијата, Кардозо во два наврати го спомна името на ривалскиот клуб, пред да се сети дека всушност дојде да работи во редовите на екипата од Виго.

„Сакам да му се заблагодарам на претседателот и спортскиот директор на клубот што ми ја доверија оваа одговорсност. Со мојот стручен штаб да започнеме нова ера во Депорти… сакам да кажам во Селта“, изјави Кардозо.

https://twitter.com/visaomercado/status/1062397301983993856?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1062397301983993856&ref_url=http%3A%2F%2Fsportklub.rs%2FFudbal%2FPrimera%2Fa257824-Gaf-novog-trenera-Selte-Hvala-Deportivu.html

Смената на тренерската позиција дојде по поразот од Реал Мадрид од 4-2, а Селта по 12 кола се наоѓа на 14-тата позиција на табелата со 14 освоени бода. Во следното коло гостуваат во Сан Себастијан, кај Реал Сосиедад.

- Оглас -

Најнови вести