Новиот тренер на Трабзонспор стигна во Турција: Хрватот го тренираше Адеми, сега ќе работи со Барди

Хрватот Ненад Бјелица ќе биде нов тренер на Трабзонспор, клубот за којшто игра македонскиот репрезентатвец Енис Барди.

На Бјелица нема да му биде првпат да работи со македонски интернационалец. Во минатото го тренираше и Аријан Адеми во Динамо, и тоа кога Модрите имаа настапи и во групната фаза од Лигата на шампионите. Бјелица беше спомнуван како кандидат за тренер на Динамо и неодамна, но изборот падна на Игор Бишќан.

Камерите го снимија Бјелица при пристигнувањето во Истанбул, а попладнево треба да биде во Трабзон и веројатно вечерва или најдоцна утре ќе се официјализира договорот кој според турските медиуми, ќе биде на две години.

- Оглас -

Најнови вести