Дирк Новицки утрово направи нешто што никогаш претходно не му успеало на ниту еден друг играч во историјата на НБА-лигата. Одигра меч за Далас во 21 сезона по ред. До денеска, во НБА немало играч кој во кариерата успеал да одигра 21 сезона само за еден тим. Досега Германецот овој рекорд го делеше со Коби Брајант, кој има одиграно 20 сезони во дресот на Лос Анџелес лејкерс, но отсега Новицки е единствен со 21 сезона за еден клуб.
Историскиот момент се случи на 3,27 минути до крајот од првата четвртина на мечот против Феникс. Ветеранот кој има 40 години, за првпат сезонава се појави на теренот и влезе во историјата на НБА. Иако немаше играно дури девет месеци, на Дирк му беше потребно помалку од една минута за да ги даде и првите поени сезонава. Тој е шести најдобар стрелец на сите времиња, со вкупно 31.189 поени.
Во првиот меч по операцијата на зглобот, Новицки на теренот помина 6 минути и 10 секунди, а неговиот Далас загуби со 99:89.
Here we go!!!!!! #21for41 @swish41 https://t.co/0HyYRaqRf1
— Dallas Mavericks (@dallasmavs) December 14, 2018