Ново балканско шоу во НБА, Богдановиќ растури со 48 поени и 8 тројки (Видео)

Бојан Богдановиќ имаше перфектна кошаркарска претстава во победата на Јута Џез против Денвер нагетс со 127:120 и забележа два лични рекорди и еден клупски.

Богдановиќ постигна 48 поени со 8 погодени тројки што му се лични рекорди во кариерата и стана првиот кошаркар на Јута со учинок од 45, или повеќе поени и постигнати 8 тројки на ист меч.

На спротивната страна, кај поразениот тим повторно блескаше Никола Јокиќ со 24 поени, 9 скока и 13 асистенции. Му фалеше само еден скок за нов трипл-дабл.

 

Резултати: Филаделфија – Њу Орлеанс 109:107, Чикаго – Бостон 121:99, Шарлот – Орландо 122:112, Мајами – Минесота 121:112, Милвоки – Хјустон 141:133, Далас – Иливленд 110:90, Јута – Денвер 127:120, Феникс – Њујорк 128:105, Портланд – Л.А. Лејкерс 106:101, Сакраменто – Сан Антонио 104:113.

- Оглас -

Најнови вести